Утрински Весник
Македонија

79 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, два без лиценца

79 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, два без лиценца

Во текот на вчерашниот ден (18.10.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

dobivaj vesti na viber

При контролата констатирани се две кривични дела за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 79 сообраќајни прекршоци. Од нив девет за возење без возачка дозвола, пет за возење со брзина поголема од дозволената.

Изречени се седум мерки за технички неисправни возила, три мерки за неносење сигурносен појас.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Тројца полицајци повредени во сообраќајка во Скопје

Уапсен скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“

СДСМ бара Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит и во Македонија