Утрински Весник
Македонија

54 проценти од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани

54 проценти од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.797 дози вакцини, од кои 734 се аплицирани како прва доза, 876 се ревакцинирани, а 3.187 граѓани примиле трета доза вакцина, информира Министерството за здравство.

Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 804.151 граѓани, ревакцинирани се 774.464, а трета доза примиле 27.298 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Можете да прочитате

МВР распиша централна и меѓународна потерница по Ива Михаилова

ДЕСЕТ ДЕНА НЕМА ТРАГА ОД ЈАНИЦА: Семејството моли за помош, 38-годишната жена исчезнала 

Тошковски: Ива Михајлова нелегално избегала во Бугарија, се подготвува меѓународна потерница!