Утрински Весник
Македонија

52 нови пациенти во ковид центрите во Скопје за 24 часа

Во ковид-центрите се лекуваат 702 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 52 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, соопшти министерството за здравство.

Според информации од таму, вкупно 639 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, додаваат дека голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 21 прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти а 10 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени 4 нови пациенти, а исто толку биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 3 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома биле пуштени 57 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 263 пациенти, известува МЗ.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 132 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 49 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на Ковид-19 вирусот и исто толку мајки, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 болни.

Од ресорното министерство велат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 113 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Информираат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Можете да прочитате

Пендаровски: Силјановска ја цитира бугарската УДБА

Вечерва започна молкот за изборите на 8 мај

Пендаровски кон Силјановска: Два труда имате објавено на Скопус, што сте работеле како професор?