Утрински Весник
Свет

50 возила се судриле во верижен судир во Јапонија, има и загинати

Sudar japonija.webp.webp

На експресниот автопат Кан-ецу во префектурата Гунма, северозападно од Токио, доцна синоќа се случи масовен верижен судир во кој учествувале повеќе од 50 возила. Според официјалните информации од јапонската полиција, најмалку едно лице го загубило животот, а 26 лица се повредени, од кои неколку се во сериозна состојба.

Несреќата се случила во услови на силен снег и лизгав коловоз, кога товарно возило удрило во друго возило кое застанало на патот, по што следувала верижна реакција со автомобили и камиони кои не успеале навреме да закочат. Судирите се протегале на делница долга неколку стотини метри.

Дел од возилата се запалиле, а на местото интервенирале бројни противпожарни и итни служби. Автопатот бил затворен во двата правци со часови, додека траело гаснењето на пожарите, извлекувањето на повредените и расчистувањето на патот.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек, а возачите биле предупредени на екстремно опасни зимски услови, со можност за нови сообраќајни блокади во регионот.

Можете да прочитате

Мерц: САД се „понижени“ од Иран

Арагчи ги обвинува САД за неуспехот на преговорите

Светските трошоци за вооружување лани биле 2.887 милијарди