Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

49.000 граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип

Vakcina.webp.webp
Img 7972

Сезоната на настинки и грип сè уште не започнала во полн ек, но интересот за превенција расте. Според податоците на Министерството за здравство, досега околу 49.000 граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип — бројка што надминува очекувања и покажува дека јавната свест за значењето на имунизацијата се зголемува.

Вакцинацијата се спроведува на 35 вакцинални пункта низ земјата, од кои пет се во Скопје, и е целосно бесплатна за ризичните категории: постари лица над 65 години, хронично болни, здравствени работници, бремени жени, деца од 6 месеци до 5 години и лица сместени во старски домови.


Министерството набави 80.000 дози четиривалентна вакцина од производителот „Абот“ (Холандија), со што годинава кампањата има најголем капацитет досега. Според најавите, дистрибуцијата се одвива без застој, а првиот ден од кампањата се вакцинирале над 2.000 лица.

Од Министерството порачаа дека вакцинацијата останува најделотворниот начин за заштита од компликации предизвикани од вирусите на грип, особено кај постарите и хронично болните лица.
„Со навремена имунизација се спречува ширење на вирусот, а се намалува и притисокот врз здравствениот систем,“ велат од ресорот.

Можете да прочитате

Од вечерва почнува изборниот молк за локалните избори

Митовски: Ниту закани, ниту полиција не можат да ја скршат волјата на Паланчани

Филипче: СДСМ повторно расте, останува единствена сила што може да му се спротивстави на ДПМНЕ