Утрински Весник
Македонија

44-годишна жена со остар предмет повредила маж во Тетово

44-годишна жена со остар предмет повредила маж во Тетово

Ноќеска на 10 декември околу 1 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 44-годишната Л.Ѓ. и 58-годишниот Ф.Р., двајцата од Тетово, поради сомнение дека Л.Ѓ., претходно, во домот на А.Т.(60) во Тетово, каде што престојувала заедно со Ф.Р., со остар предмет го повредила А.Т..

Тој бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Тетово, а Л.Ѓ и Ф.Р. се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Зајкова: Потребно е итно законско решение за зауздување на „шурењето” на граѓаните од страна на банките

Свечено отворени 65-тите Струшки вечери на пoезијата

Четврток и петок, 25/26 јуни повторно ни носат попладневен пороен дожд и грмежи