Утрински Весник
Македонија

413 санкции за брзо возење

413 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (21.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 413 возачи. Од нив, 33 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 226 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 187 надвор од населено место.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Просветен инспектор вршел психичко насилство врз наставничка во училиште во Муртино

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски

Прекршочна постапка против општина Струга и одговорното лице – не го поставиле државното знаме при прослава по повод Денот на aлбанското знаме