Утрински Весник
Македонија

(Видео) Дигиталниот учебник ќе ја поттикне љубопитноста и љубовта кон природните науки кај четврто одделенците, вели авторката

(Видео) Дигиталниот учебник ќе ја поттикне љубопитноста и љубовта кон природните науки кај четврто одделенците, вели авторката

Креирањето на материјалот за учење за четврто одделение по предметот природни науки, претставуваше предизвик од една страна и голема одговорност од друга страна, бидејќи концептот за негова изработка е доста поинаков од досегашниот, вели авторката Биљана Стојановска која заедно со наставничките Билјана Лазареска и Нела Слезенкова-Никовска, работеа на подготовка на првиот дигитален материјал за учење по природни наука кој ќе се користи во наставата за 4 одделение од почетокот на учебната година. Со ова практично започнува имплементацијата на новата Концепција која во следните 5-6 години треба целосно да се спроведе во деветолетката.

„ При подготовка на материјалите бевме водени од целта за развивање на критичко размислување, креативност и проактивност кај учениците. Токму затоа тој изобилува со забавни содржини, експерименти, истражувања и интересни илустрации. Преку користење на овој учебник учениците ќе ги развијат своите вештини за креативно изразување, критичко размислување, комуникација и соработка, што се, всушност дел од Националните стандарди”, додава Стојановска.

Авторката истакна дека целта на новата концепција е висококвалитетно, инклузивно и достапно дигитално образование.

„ Успеавме да создадеме квалитетен учебник збогатен со дигитални содржини во форма на интерактивни слики, видеа, квизови, игри и анимации. Преку нив учениците поразбирливо и позабавно ќе ги надополнат своите сознанија за природата и светот околу себе, природните богатства и нивното значење и зачувување”, вели Стојановска.

Дигиталните материјали за учење се уште една алатка повеќе со помош на која учениците успешно ќе го совладуваат материјалот. За вклученост на сите ученици во квалитетно и современо образование МОН набави 10.000 таблети, од кои 3.000 се веќе дистрибуирани до училиштата, а се наменети за ученици од четврто одделение кои се од социјално ранливи семејства.

Можете да прочитате

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари

Маж пронајден мртов во дом во Ѓорче Петров, имал траги на насилство

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври