Утрински Весник
Македонија

36. Марш за ангелите во Кочани

Kocani20122025.jpg

Во Кочани денеска се одржа 36-тиот „Марш за ангелите“, посветен на жртвите од трагичниот пожар во кабарето „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Маршот започна со едноминутно молчење, а учесниците упатија пораки за правда, одговорност и побрза истрага за случајот. Организаторите повторно побараа од надлежните институции да соопштат до каде е постапката и кога ќе има конкретни одлуки за одговорните.

Како што беше истакнато, протестот е израз на незадоволство од, како што велат, бавната и нејасна истрага, но и од чувството дека правдата се одолговлекува. Дел од присутните реагираа и на информациите дека лица поврзани со случајот непречено располагаат со имот, што дополнително ја зголемува недовербата во институциите.

Од граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ потсетија дека досега се собрани над 22 милиони денари донации за настраданите, од кои државата наплатила над 2,2 милиони денари персонален данок.

Учесниците порачаа дека маршевите ќе продолжат сè додека не добијат јасни одговори и додека одговорните за трагедијата не бидат изведени пред правдата.

Можете да прочитате

Скопјанец пијан со 2.2 промили возел низ Охрид

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци – власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев