Утрински Весник
Македонија

35-годишно лице пронајдено починато во болницата „Бардовци“

35-годишно лице пронајдено починато во болницата „Бардовци“

МВР соопшти дека 35-годишно лице било пронајдено починато во болницата „Бардовци“ во Скопје.

Имено, синоќа, во 21 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во една од собите во болница „Бардовци“ бил пронајден починат И. К. (35) од Скопје.

Од екипа на итната медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.

Можете да прочитате

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа

Николоски на увид на автопатот Охрид-Кичево