Утрински Весник
Македонија

31 пациент, половина малолетници примени на Токсикологија

Img 5266.jpeg

Загрижувачки податоци пристигнаа од Универзитетската клиника за токсикологија по новогодишната ноќ. Во првите 12 часа од 2026 година, дури 13 малолетни лица побарале лекарска помош поради интоксикација, најверојатно од алкохол.

Најмладиот пациент имал само 14 години. Вкупниот биланс на Клиниката е 31 пациент, што значи дека речиси половина од случаите биле деца. Лекарите истакнуваат дека најстариот пациент имал 44 години, што укажува дека „најлудата ноќ“ била најтешка за помладата популација.

За среќа, нема посериозни компликации – сите малолетници, како и останатите пациенти, веќе се пуштени на домашно лекување. Од Клиниката велат дека, иако дел од токсиколошките анализи се уште се во тек, најверојатната причина за приемите е алкохолна интоксикација.

Добрата вест е што нема лица задржани на болничко лекување; сите пациенти по укажаната помош се пуштени дома.

Можете да прочитате

НОВО ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ДОАЃА: Македонија под влијание на циклон

ДЗР: Наплатените придонеси не се доволни за покривање на дефицитот во пензискиот систем на државата  

Чавушоглу: Oд Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара да прифатат дека не се Македонци