Утрински Весник
Македонија

305 санкционирани мотоциклисти на територијата на цела држава

305 санкционирани мотоциклисти на територијата на цела држава

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден (11 мај) спровела засилени контроли на целата територија на државата за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што казнети се 305 возачи.

Како што информираат од МВР, 201 возач не користеле заштитна кацига за време на возење, 64 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Од ресорното министерство посочуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Можете да прочитате

ЕУ известувачот тврди: Интервјуто е старо, не ја отсликува сегашната реалност на Македонија

Пешевски: Автопатот Кичево-Охрид е бунар без дно – милијарда евра потрошени, крај нема!

Пешевски: Секој ден на градилиште е бинго – дали ќе се вратиш жив дома