Утрински Весник
Македонија

Девојка од Дебар со лажно лекување за болно дете измамила граѓани за над 3000 евраа

Evra.webp.webp

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Х.М.(19) од с.Селокуќи, дебарско и против И.К.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.

Првопријавената, поттикната од второпријавениот, во периодот од 10.03.2026 до 12.03.2026 довела во заблуда повеќе луѓе така што лажно прикажувала факти преку социјална мрежа, односно преку профил со кој менаџирал второпријавениот, собирала парична помош за операција, односно лекување на наводно болно дете од Дебар. 


На тој начин првопријавената се стекнала со противправна имотна корист во вкупен износ од 3.200 евра  и 6.000 денари.

Можете да прочитате

Јаневска: Имаме лоша демографија, празните училници се последица на помалиот број раѓања

Јаневска: Децата ќе ги завршуваат обврските од 8 до 16:30 во училиште, дома ќе имаат време за семејството

Јаневска: 252 студенти се одбиени, дел поднеле некомплетна документација