Утрински Весник
Свет

30 отсто од руските граѓани веруваат во Дедо Мраз

Dedo mraz.webp.webp

Речиси една третина од анкетираните руси , во примерок од 1.500 лица од сите делови на Русија, сметаат дека Дедо Мраз е реална личност. Резултатите преизлегуваат од анкета на финансискиот пазар „Сравни“.

Анкетата покажа дека приоритетите на Русите се промениле. Денес, кога би имале можност да му пишуваат на Дедо Мраз, материјалните добра би зазеле второ место.

Само 12 отсто од испитаниците би побарале конкретни подароци, како куќа или патување. Значаен процент, 35 отсто, би се фокусирале на личната, нематеријална среќа, барајќи мир и благосостојба за себе и своите блиски.

Доминантниот тренд покажува дека руските граѓани се свртени кон колективните вредности. Мнозинството, дури 53 отсто од испитаниците, би го искористиле писмото до Дедо Мраз за да изразат желби кои се однесуваат на јавното добро. Овој резултат открива длабока желба за мир и правда во општеството, што укажува на колективна свест и грижа за благосостојбата на земјата.

„Што се однесува до самото постоење на новогодишниот волшебник, многумина го задржуваат ова верување во чуда дури и во зрелата возраст. Според податоците од анкетата, 30 отсто од испитаниците сè уште го доживуваат Дедо Мраз како реален лик и дел од новогодишните чуда“, се наведува во текстот, пренесува агенцијата ТАСС.

Можете да прочитате

16 загинати во вооружен напад на плажата Бонди во Сиднеј

Раст на антиукраински содржини на полските социјални мрежи

Хамас: Убиството на високиот командант на Хамас ја доведува во прашање одржливоста на примирјето со Израел