Утрински Весник
Спорт

29 години од смртта на Аиртон Сена

29 години од смртта на Аиртон Сена

На денешен ден пред 29 години животот го загуби легендарниот Аиртон Сена на трката за Големата награда на Сан Марино во Формула 1.

dobivaj vesti na viber

Сена, еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, ако не и најдобар, почина на 34. годишна возраст откако ја изгуби контролата над својот болид со над 300 км/ч и удри во ѕидот на свиокот Тамбурело на патеката Енцо и Дино Ферари во Имола.

Легендарниот Бразилец победи на 41 трка во кариерата, освои три шампионски титули и остана запаметен како крал на квалификациите и најдобар возач на дожд на сите времиња.

Само ден претходно на истата патека за време на квалификациите на речиси истото место животот го загуби и Австриецот Роланд Раценбергер. Две трагедии, особено онаа од 1 мај 1994 година, засекогаш ги променија и Формула 1 и спортот воопшто.

И сега, 29 години подоцна, многумина размислуваат за „што ќе беше ако“, но едно е сигурно, Сена беше единствен, некои не го сакаа, многумина го сакаа, но тој беше и останува еден од најдобрите во историјата. .

Можете да прочитате

ЛШ: Монако ја изненади Барселона, реми на Арсенал во Бергамо

ЛШ: Бенфика победи во Белград, Баер сигурен против Феејнорд (ВИДЕО)

Општа тепачка на мечот меѓу КК Чаир 2030 и КК ТФТ