Утрински Весник
Македонија

29 новозаразени со коронавирус, нема починати

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 311 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на Ковид-19 од Скопје – 9, Кичево – 5, Куманово и Тетово по 4, Прилеп и Охрид по 2 и по еден случај во Штип и Струмица.

Во изминатото деноноќие нема починати лица, а регистрирани се 34 оздравени пациенти од Скопје – 18, Прилеп – 4, Куманово и Тетово по 3, Битола – 2 и по еден оздравен во Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево.

Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.

Можете да прочитате

И Беким Сали ќе учествува на Форумот во Давос

Грипот зеде уште една жртва

Водици со -10 степени: Ладно време ќе имаме за големиот Христијански празник