Утрински Весник
Македонија

27-годишен скопјанец повреден од огнено оружје, сторителот непознат

27-годишен скопјанец повреден од огнено оружје, сторителот непознат

27-годишно лице од Скопје било погодено од огнено оружје од страна на непознат сторител, соопшти полицијата.

Имено синоќа во 00.06 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди во ногата од огнено оружје бил донесен Б.И.(27) од Скопје.

Според пријавеното, Б.И. отиштол во својата викенд куќа во с.Кучково со Б.Л. и откако излегол од возилото бил погоден од огнено оружје од страна на непознато лице.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

СДСМ: Платформа за иднината на Мицкоски – ЗНАМ 2.0 нема да помине

Левица: ДПМНЕ го награди послушниот Уставен суд – само 24 часа по цензурирањето на Левица, уставните судии си добија покачени плати

Мицкоски во Њујорк: НАТО, САД и ЕУ е една јасна геополитичка ориентација