Утрински Весник
Македонија

269 санкции за брзо возење

269 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (15.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 269 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 158 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 111 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Македонија со нов договор со САД: Поголем извоз, нови инвестиции и економска соработка

Мицкоски заминува за Минхен – 24info.mk

Филипче: Немам ништо заедничко со Трендафилов освен следењето од службите