Утрински Весник
Магазин

Излегува стрип во чест на Оливија Њутн-Џон

Излегува стрип во чест на Оливија Њутн-Џон
Ss2

Стрипот со кој се слави животот на Оливија Њутн-Џон, најпозната по нејзината главна улога во мјузиклот Брилијантин од 1978 година, треба да биде објавен на 21 септември, пет дена пред роденденот на покојната актерка и пејачка.

dobivaj vesti na viber

Оливија Њутн-Џон, со британско-австралиско потекло, почина на 8 август. Таа оваа година ќе го прославеше својот 74 роденден. Студиото TidalWave Comics стои зад стрипот од 36 страници во нејзина чест.

Ss1

Таа е родена во Кембриџ, Англија во 1948 година. Има освоено четири Греми и многу други награди, вклучувајќи ги и Американските музички награди. Таа секако е најпозната по улогата во Брилијантин, филмската адаптација на истоимениот мјузикл, во кој нејзин партнер беше Џон Траволта.

Кога беше објавен, Брилијантин беше огромен хит и филм со најголема заработка меѓу насловите во тоа време. Во 2018 година, Њутн-Џон и Траволта заедно ја прославија 40-годишнината од филмот.

Истата година, Њутн-Џон објави дека и е дијагностициран рак по трет пат. Наскоро таа стана поборник за медицински канабис.

Издавачот на стрипот за Оливија Њутн-Џон, Дарен Дејвис, рече дека му е чест да работи со актерката на стрипот пред нејзината смрт и дека му била дадена можност да добие увид во „нејзината гледна точка и ексклузивните информации користени во ова издание”.

Стрипот вклучува и информации за ракот на дојката, а дел од приходите од продажбата ќе бидат донирани на Здружението ONJ, добротворна организација што Њутн-Џон ја основа во 2020 година за да финансира истражување за лекување на рак со билки.

Ss1

Можете да прочитате

Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж” во Париз

СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна

На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови