Утрински Весник
Свет

25 мигранти спасени од пожар во Грција

25 мигранти спасени од пожар во Грција

Грчките власти денеска спасија група од 25 мигранти заробени во шумски пожар што речиси две недели гори во регионот Еврос на североистокот на земјата, јавува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Шумскиот пожар во Еврос, најсмртоносниот ова лето во Европа, гори веќе 14-ти ден по ред, проголта повеќе од 812 квадратни километри земја и досега однесе најмалку 20 човечки животи, а сите освен еден од загинати се најверојатно мигранти кои преминале од Турција.

Еврос е популарна точка на премин кон ЕУ за илјадници мигранти и бегалци секоја година.

Пожарникарите и полицајците пронашле 25 лица меѓу двете села и ги однеле на безбедно, изјави портпаролот на грчката противпожарна служба Јоанис Артопојос.

Сите мигранти биле мажи по потекло од Сирија, Ирак и Либан, изјави полициски претставник, додавајќи дека тие се уапсени.

Можете да прочитате

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж

ЕЕБ: Со правилни одлуки во Европа може да има и доволно храна и енергија и обновена природа  

Пожар во Калифорнија, уништени повеќе од 130 згради, 13. најголем во историјата на државата