Утрински Весник
Македонија

23 лица ја прекршиле забраната за движење

23 лица ја прекршиле забраната за движење

23 лица не ја почитувале забраната за движење во периодот од 22.00 часот на 05.04.2021 до 05.00 часот на 06.04.2021, информира министерството за внатрешни работи.

Од таму истакнуваат дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава 481 лице направило прекршок поради неносење на заштитна маска.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување на ширењето на Ковид-19.

Можете да прочитате

Славески: Медиумите ја урнаа Алта банка

Миноски: Пензионерите без картички не смеат да останат без средства за живот

Миноски: Граѓаните чекаат плати и пензии од Алта банка, мора да знаат кога ќе можат да располагаат со своите пари