Утрински Весник
Македонија

220 санкции за пребрзо возење

220 санкции за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден (12.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 220 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 81 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 139 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Последен ден од мандатот на Бежоска – се очекува избор на нов гувернер

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

Филозофија на гласање во Македонија