Утрински Весник
Економија

22 милиони работни места во развиените земји згаснаа поради Ковид-19

22 милиони работни места во развиените земји згаснаа поради Ковид-19

Богатите нации се соочуваат со закана од долгорочен пораст на стапката на невработеност бидејќи на многу неквалификувани работници раселени од пандемијата им е тешко да најдат ново вработување, пренесуваат светските агенции.

Во развиените економии се изгубени 22 милиони работни места поради пандемијата од Ковид-19, објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

„Многу изгубени работни места за време на пандемијата нема да закрепнат“, рече Штрфане Карцило, раководител на Службата за работни места и плати на ОЕЦД, за време на брифингот за извештајот.

Во мај 2021 година, стапката на невработеност во земјите на ОЕЦД паднала на 6,6 проценти.

Од 22 милиони луѓе кои останале без работа низ економиите на ОЕЦД, осум милиони се невработени, а 14 милиони се сметаат за неактивни.

Експертите на ОЕЦД не очекуваат дека вкупното вработување во земјите-членки на оваа организација ќе се нормализира до третиот квартал на 2023 година.

Ситуацијата за вработување во некои земји, како што се оние во азиско-пацифичкиот регион, кои покажаа дека се подобро способни да се справат со кризата, може побрзо да се подобри.

Во извештајот се наведува дека кризата на пазарот на трудот веројатно повеќе ќе влијае на младите отколку на пошироката возрасна работна популација.

„Лузните во однос на вработувањето и заработувачката може да останат кај младите“, рече Стефано Скарпета, директор за вработување, труд и социјала во ОЕЦД.

Според студијата на ОЕЦД, влијанието на ковид кризата врз младите беше двојно поголемо отколку кај возрасните воопшто, а меѓу најтешко погодените се и младите во Канада, САД, Мексико и Шпанија.

Можете да прочитате

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата