Утрински Весник
Македонија

21-годишник паднал од отворен прозорец на „Aуди“, тешко е повреден

Policzija soobrakajka.jpg

Тешка и невообичаена сообраќајна несреќа се случила ноќеска во Штип, откако 21-годишен сопатник паднал од отворен прозорец на автомобил во движење и се здобил со тешки телесни повреди.

Според информациите од полицијата, настанот бил пријавен околу 01:35 часот во СВР Штип, а се случил на крстосницата на улиците „Сремски Фронт“ и „Солидарност“.

Станува збор за патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (22) од Штип. Додека возилото се движело, од отворен прозорец паднал неговиот сопатник Н.А. (21), исто така од Штип.

По падот, 21-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Штип.

Засега не се соопштуваат дополнителни детали за околностите под кои младиот сопатник се нашол на отворениот прозорец и како точно дошло до неговото паѓање од автомобилот.

На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Штип, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности кои довеле до несреќата.

Можете да прочитате

Полициска акција: Пет килограми марихуана кај татко и син, амфетамин, ЛСД и стотици таблети во подрум

Западнонилската треска се шири во Македонија – Осум случаи, сите заболени развиле тешка форма

Двајца стоматолози осомничени за мито за положен стручен испит