Утрински Весник
Свет

21-годишна студентка изела сендвич на улица, па колабирала на паркинг во Италија

Italijanska Policija.jpg

21-годишна студентка починала неколку часа откако изела сендвич на улица во Италија. Таа е американска студентка која била во Италија на студентска размена.

Се верува дека на девојката и се слошило поради алергиска реакција на сендвичот.


Штом и се слоши, се упати кон кампусот на колеџот, но кога стигна до паркингот се онесвести, раскажуваат пријателите.

Тие, според написите во тамошните медиуми, веднаш дотрчале кај неа и повикале брза помош. Веднаш и дале лекови кои секогаш ги имала со себе во чантата.

Лекарите од итната помош брзо дошле на местото на настанот, и дале лекови, но по 30 минути неуспешна реанимација, кај девојката била констатирана смрт.

Подоцна било утврдено дека не успеала да се договори со продавачката и дека во сендвичот имало нешто на кое била алергична.

Полицијата покренала истрага, а телото на девојчето е испратено на обдукција.

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран