Утрински Весник
Македонија

21-годишен возач удрил и усмртил мечка на автопатот Тетово – Скопје, момчето добило телесни повреди

21-годишен возач удрил и усмртил мечка на автопатот Тетово – Скопје, момчето добило телесни повреди

21-годишен возач со својот автомобил удрил и усмртил мечка, при што добил телесни повреди.

dobivaj vesti na viber

Според информации од тетовската полиција, ноќеска, четириесетина минути по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Тетово – Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило „фолксфаген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот В. И. од Седларци, општина Василево, удрило и усмртило мечка.

Во несреќата возачот добил повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Можете да прочитате

Сонце претпладне, облаци и услови за дожд попладне: Денеска температури до 23 степени

Тешка сообраќајка вечерва кај мостот „Беласица“ – две екипи на Итната помош на терен

Сообраќајка на мостот во Аеродром – мотоциклист повреден