Утрински Весник
Македонија

206 санкции за брзо возење

150 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 206 возачи, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 105 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Пијан маж во Дебар возел без возачка, направил сообраќајка па нападнал полицајци

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет