Утрински Весник
Македонија

205 санкционирани возачи во Скопје, 55 за брзо возење

Во Скопје 206 сообраќајни прекршоци, 65 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 205 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.

Изречени се две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет санкции за користење мобилен телефон при управување возило, три мерки за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

ДУИ: Алармантно – Албанците систематски се исклучуваат од институциите

До седум часот утрово активни седум пожари, еден локализиран и еден под контрола

„Кој луд купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“