Утрински Весник
Македонија

196 санкции за брзо возење

Ka na patniot pravec kavadarci prilep soobra a ot e vo prekin qcsxqhslmxew2y0kmghotn3zd2n3ynwx117l9lax7k.jpg

Во текот на вчерашниот ден (07.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 196 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 114 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 82 надвор од населено место.

Можете да прочитате

Пријавувајте незаконито користење на службени возила повика Томовски

Утре и задутре посвежо и ветровито, во деновите потоа пораст на температурите

Мицкоски со предлог подметнувањето пожари да се оквалификува како тероризам