Утрински Весник
Македонија

193 санкции за брзо возење

193 санкции за брзо возење
Ss2

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 193 возачи.

Од нив пет возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 68 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 125 надвор од населено место.

300x250 (7)

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата.

Ss1

Можете да прочитате

Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени

Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија 

Таравари-Ванхоуте: Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце