Утрински Весник
Македонија

192 санкции за брзо возење

192 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (09.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 192 возачи.

Од нив 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 88 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Крвава пресметка во Гази Баба

13-годишно дете прегазило друго дете со кола во Арачиново

Трипуновски од Кичево: Креираме политики заедно со земјоделците