Утрински Весник
Македонија

19-годишно момче од Тетово испраќало порнографски снимки на малолетно девојче

19-годишно момче од Тетово испраќало порнографски снимки на малолетно девојче

19-годишно момче од Тетово се сомничи за прикажување на порнографски материјал на дете, соопшти полицијата.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.Т.(19) од с.Туденце, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на дете“.

На 25.06.2021, мајка на малолетно девојче од Скопје пријавила дека на мобилниот телефон на нејзината ќерка на апликацијата Вибер од машко лице ѝ биле покажувани делови од машко тело.

По преземени мерки било откриено дека пријавениот ги испраќал пораките од телефонот на неговиот татко.

Пријавениот го признал делото, информираа надлежните.

Можете да прочитате

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Отворен конкурсот за годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија

Магла кај Попова Шапка, сите државни патишта проодни