Утрински Весник
Македонија

19-годишен прилепчанец тешко повреден во сообраќајка меѓу мотоцикл и патничко возило

19-годишен прилепчанец тешко повреден во сообраќајка меѓу мотоцикл и патничко возило

Вчера во 15.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул.„Марксова“ и ул.„Панде Чесноска“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(19) од Прилеп и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(44) од с.Житоше.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Можете да прочитате

Кујната во РЕК Битола времено затворена, работниците добиваат ладен оброк

ДУИ: Производството на термоелектраните за Јануари намален за цели 22.5%

Гаши: Уставот не смее да се отвора ад-хок, потребен е широк консензус