Вчера (31 март) од 08.00 до 23.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи што возат побрзо од дозволеното. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 188 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Од нив, 132 пречекорувања на максимално дозволената брзина регистрирани се надвор од населено место (ТЕ-65 и ГВ-67), од кои 12 возачи (ТЕ-7 и ГВ-5) пречекориле за над 70 километри на час, 27 возачи (ТЕ-14 и ГВ-13) за над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
При контролата, исто така, санкционирани се и 56 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-48 и ГВ-8), од кои 2 возачи (ТЕ) пречекориле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а санкционирани се и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-4). На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.