Утрински Весник
Свет

17,5 тони човечка пепел се откриени во Полска во близина на концентрационен логор

17,5 тони човечка пепел се откриени во Полска во близина на концентрационен логор
Dik 300x250 mk

Околу 17,5 тони човечка пепел се откриени и ископани во близина на поранешен нацистички концентрационен логор во Полска, објави полскиот институт за национално сеќавање, кој ги истражува нацистичките и комунистичките злосторства.

dobivaj vesti na viber

Остатоците се ископани во Илво Осада, во близина на местото на поранешниот концентрационен логор Дзиалдово, околу 150 километри северно од Варшава, кој бил изграден за време на нацистичката окупација на Полска во Втората светска војна.

Од инвазијата на Полска во септември 1939 година, логорот им служел на нацистите како место за транзит, затворање и истребување на политичките противници, особено на Евреите.

Некои го проценуваат бројот на убиени затвореници во тој логор на 30.000 лица, но досега историските извори не можат со сигурност да го потврдат тоа.

„Откривањето на таа локација овозможува да се потврди дека таму загинале најмалку 8.000 луѓе“, рече Томаш Јанковски, обвинител.

Бројот на лицата се проценува според тежината на пронајдената пепел, пишуваат медиумите.

Во 1944 година, еврејските затвореници биле принудени да ги ексхумираат телата на убиените и да ги запалат, за да ги уништат трагите на нацистичките злосторства.

„Ќе можеме да направиме ДНК анализи што ќе ни овозможат да дознаеме повеќе за идентитетот на жртвите“ слично на она што беше направено во поранешните кампови Собибор и Треблинк“, изјавил Анджеј Осовски, научник од областа на генетиката од Медицинскиот универзитет во Померанија.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп