Утрински Весник
Спорт

17-годишник ќе ја наследи „деветката“ на Левандовски

17-годишник ќе ја наследи „деветката“ на Левандовски

Напаѓачот на Рен, Матијас Тел (17), речиси сигурно ќе биде новиот напаѓач на Баерн. Тоа го потврди и тренерот Јулијан Нагелсман. Останува само да се официјализира трансферот вреден 28 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

„Тел може да стане еден од најдобрите напаѓачи во светот. Мислам дека може да постигнува 40 гола по сезона. Во првата ќе се задоволам со десет. Тој е млад и талентиран. Може да игра на неколку позиции во нападот, брз е и силен, знае да ја задржи топката“, изјави Нагелсман.

Тел наскоро ќе стане играч на Баерн, каде што ќе го носи дресот со број девет, кој пред него го носеше Роберт Левандовски.

Пред Тел, Баварците се засилија со Матијас де Лихт, Садио Мане, Рајан Гравенберх и Нусер Мазрауи.

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија