Утрински Весник
Македонија

166 санкции за брзо возење на територијата на Македонија

237 санкционирани возачи во Скопје: 79 за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден  Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 166 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 106 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 60 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

СЦЕНСКИ ОМАЖ ЗА ТОМАЖ ПАНДУР: „БЕЗГРЕШНА“ НА СНГ МАРИБОР ВЕЧЕРВА ВО МНТ

Јанкулоска: Секретарите се менуваат, идејата за ВМРО останува вечна

Јанкулоска со поддршка за Ковачки: Секретарите се менуваат, идејата за ВМРО останува