Утрински Весник
Спорт

15 шпански репрезентативки одбија да настапат за националниот тим

15 шпански репрезентативки одбија да настапат за националниот тим

Шпанскиот фудбалски сојуз потврди дека добил е-пошта од 15 репрезентативки, во кое тие побарале да им биде врачен отказ на селекторот Хорхе Вилда и неговите помошници. Фудбалерките се заканија дека повеќе нема да играат за националниот тим доколку нивното барање не биде исполнето.

dobivaj vesti na viber

Играчите, меѓу кои не е Алексија Путелас, актуелниот добитник на Златната топка и наградата на ФИФА за најдобра во светот, а нема ниту една фудбалерка на Реал Мадрид, го испратија своето барање со порака дека нивната моментална емотивна состојба, како и нивното здравје е нарушено и дека нема да се вратат во репрезентацијата доколку не дојде до промена на клупата.
Шпанскиот фудбалски сојуз експресно реагираше со пораката дека Вилда ќе остане селектор на националниот тим.

„Сојузот нема да дозволи фудбалерките да го доведуваат во прашање продолжувањето на работата на селекторот и неговиот штаб. Ситуацијата од спортско прашање се претвори во прашање на достоинство. За репрезентацијата не се преговара. Фудбалерките кои се повлекоа, ќе се вратат во репрезентацијата само доколку ја приузнаат грешката и побараат прошка. Ова е невидена ситуација во машкиот и женскиот фудбал, во Шпанија и во светот“, велат од Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Меган Рапино, американската репрезентативка и една од најпрепознатливите фудбалерки на денешницата, ги поддржа шпанските репрезентативки.

„Во Америка заедно со вас се 16. фудбалерки. Моќно е кога толку многу играчи се обединуваат, треба да го слушнеме тоа“, порача Рапино на Инстаграм.

Можете да прочитате

Ливерпул крева раце од Алонсо, ќе бара нов наследник на Клоп

Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров