Утрински Весник
Свет

15 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Русија

15 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Русија

Најмалку 15 лица загинаа, а пет се повредени во тешка сообраќајна несреќа во близина на рускиот град Уљановск, соопштија денеска локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила во населбата Николаев во областа Уљановск, на автопатот М5, кога два камиони буквално здробиле патнички минибус во кој имало 20 луѓе, јави претходно агенцијата Интерфакс.

„Според последните информации, загинале 15 лица, петмина се повредени, меѓу кои и деца“, изјавил изворот за ТАСС.

Уљановск се наоѓа на околу 700 километри источно од Москва.

Можете да прочитате

Мал авион се урна на аеродромот во Лондон Саутенд, бројот на патници е непознат

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина