Утрински Весник
Свет

137 мутации на коронавирусот се потврдени во Австрија за една година

137 мутации на коронавирусот се потврдени во Австрија за една година

Од 3 април минатата година до 20 април годинава во Австрија се идентификувани најмалку 137 варијанти на коронавирусот, објави Агенцијата за здравје и безбедност на храната (АГЕС).

Најчестиот вид бил британскиот сој на вирусот.

Од сите секвенцирани варијанти, британскиот вид (Б.1.1.7) е идентификуван во 28,1 проценти од случаите.

Во 9,1 проценти од случаите идентификуван е сојот Б.1.160, мутација што е распространета во цела Европа, но и во Австралија.

Овој вид на вирусот е доминантен во австриската провинција Бургенланд, а заедно со британскиот е идентификуван во сите девет покрани.

Во 6,2 проценти од случаите е утврдена јужноафриканската варијанта Б.1.351, која е доминантна, пред сѐ, во покраината Тирол.

Покрај Тирол, јужноафриканскиот сој е идентификуван уште во Виена, Горна Австрија и во Каринтија.

Исто така, според АГЕС, во Австрија е потврден и бразилскиот сојуз П.1, но само во пет случаи.

Можете да прочитате

Италија го отфрли шпанскиот ултиматум за укинување на граничните контроли

Сенатот на САД со големо мнозинство изгласа нови санкции против Русија

Шпанија ѝ се закани на Италија со реципрочни мерки поради граничните контроли