Утрински Весник
Свет

13-годишно момче се степало со врсник и 45 било затворено во самица, не му давале да пие вода

13-годишно момче се степало со врсник и 45 било затворено во самица, не му давале да пие вода

13-годишно момче од сојузната држава Квинсленд, Австралија, поминало 45 дена во самица додека бил во поправниот дом за малолетници во Таунсвил, каде што бил приведен поради тепачка со врсник.

dobivaj vesti na viber

Малолетникот, познат само како „Џон“, бил пуштен на условна слобода откако поминал 60 дена во притвор, а се претпоставува дека поминал 22 последователни дена во самица, јавува Би-Би-Си.

Оваа ситуација покрена сериозна загриженост за состојбата на човековите права во Квинсленд. Поради очајната ситуација за време на притворот, момчето ја поплавило ќелијата со вода од тоалетот бидејќи не му било дозволено да пие вода, изјави адвокатот на „Џон“, Тим Грау.

Грау тврди дека неговиот клиент, кој претходно не извршил никакви сериозни кривични дела, бил третиран на крајно груб начин. Тој вели дека не знае зошто момчето толку долго било во самица, но се сомнева дека тоа е поради недостиг на персонал во воспитно-поправниот дом за малолетници.

Ова не е изолиран случај, бидејќи во февруари беше откриено дека друго момче од Квинсленд, исто така на возраст од 13 години, со пречки во развојот, поминувало 78 дена затворено во ќелија по 20 часа на ден.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток