Утрински Весник
Македонија

13-годишно дете загина во сообраќајна несреќа во кумановско Черкези

Policija.webp.webp

Малолетникот починал во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Куманово – Скопје, помеѓу „мерцедес“ и електричен тротинет.

– На 28.05.2026 околу 21:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во селото Черкези, кумановско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од село Черкези, информираат од Секторот за внатрешни работи.


По несреќата, малолетникот бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде лекар констатирал смрт.

Во 21:20 часот во Полициската станица Куманово, возачот бил лишен од слобода.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа.

Можете да прочитате

Штерјова: Младите не сакаат да живеат во Латасовата Македонија

Откриена спомен биста на Махатма Ганди во Скопје, траен симбол на вредностите што ги обединуваат двата народа

Европа и САД ги забрзуваат инвестициите во критичните минерали, Иловица сè уште чека реализација