Утрински Весник
Македонија

123 санкционирани возачи во Скопје, 17 возачи на мотоцикл

Vozachi.webp.webp

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за користење мобилен телефон при возење.

Изречени се три мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Тетовец тврдел дека дедо му и баба му му украле 3,5 милиони денари, заработи кривична

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори