Утрински Весник
Македонија

120 казни за брзо возење на подрачјето на СВР Тетово

120 казни за брзо возење на подрачјето на СВР Тетово

На 03.10.2022 од 07.00 до 12.00 часот полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која вкупно биле изречени вкупно 120 мерки (ТЕ-88 и ГВ-32).

dobivaj vesti na viber

Деведесет и три од мерките (ТЕ-70 и ГВ-23) се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место, при што 9 возачи-прекршители пречекориле за повеќе од 70 километри на час (ТЕ-7 и ГВ-2).

Покрај ова, санкционирани се и 27 возачи (ТЕ-18 и ГВ-9) кои ја пречекориле брзината во населено место, а констатирани и со соодветни поднесоци биле заокружени и 2 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-1).

Можете да прочитате

Македонија обоена за донирањето органи

Велешанка тешко повредена по пад од мотор

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт