Утрински Весник
Македонија

12 лица добија кривична пријава, од Банка преку злоупотреба на платежни картички украле над 10 милиони денари

594461 0.basic Kjdhada.jpg

Секторот за компјутерски криминал при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднел кривична пријава против 12 лица, од кои 10 се државјани на Република Северна Македонија и две лица државјани на Косово за сторено кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“ и за „соизвршителство“.

Како што денеска соопштија од МВР, пријавените во текот на јануари 2023 година извршиле злоупотреба на платежни картички (purchase refund fraud) издадени од банка во Р.С.Македонија на начин што користеле активни странски компании (со физички или виртуелен терминал) преку кој се иницирале неовластени авторизации за враќање на средства (refund), кои трансакции кај банката не се испраќале како трансакција за книжење, па според тоа немало влијание на реални трансакции на продажното место, но на друга страна нереално се зголемувала состојбата на сметката на платежната картичка што се користи за трансакцијата за износот на направената рефундација.

На тој начин пријавените како корисници на платежни картички ги користеле овие средства за сопствени потреби и неовластено се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 10.719.807 денари, а за истиот износ ја оштетиле банката издавач на платежните картички

Можете да прочитате

Николоски: Нема да дозволиме Пошта да колабира заради приватни интереси

Мицкоски: Утврдени се условите за унгарскиот кредит, очекувам 800 милиони евра инвестициски циклус, тоа е 5 проценти од Бруто-домашниот производ

Соработката на Министерството за локална самоуправа и Мировниот корпус на САД потврдена со потпишување на Меморандум