Утрински Весник
Свет

11 загинати а 15 ранети во вооружен напад на исламистичка група во Багдад

11 загинати а 15 ранети во вооружен напад на исламистичка група во Багдад

Вооружени напаѓачи упаднаа во село во ирачката провинција Дијала, североисточно од Багдад, при што загинаа 11 лица, а 15 беа ранети, соопштија властите.

Исламистите убија 11 лица, меѓу кои и жени, изјавија од Здружената оперативна команда.

Цел на нападот биле беспомошни цивили во селото Ал-Хаваша во близина на градот Мукдадија, соопшти командата.

Полицијата извести дека напаѓачите влегле во селото со неколку возила и биле вооружени со полуавтоматски пушки.

Можете да прочитате

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Шпанија не дозволи брод со оружје за Израел да се закотви во Картагена

Украинците го нападнаа Крим и два руски града, одекнуваат експлозии, избувнуваат пожари