Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Џо Бојд ги однесе Фулам во Премиер лигата со два гола во продолженијата

Џо Бојд ги однесе Фулам во Премиер лигата со два гола во продолженијата
300x250 opst2

Фулам им се приклучи на Лидс јунајтед и Вест Бромвич Албион во премиерлигашкото „друштво“ следната сезона, откако со двата гола на Џо Брајан во продолженијата стигнаа до тешко извојувана 2:1 победа над Брентфорд на „Вембли“.

Мечот кој носи огромна финансиска награда за победникот и членство во најбогатата фудбалска лига на светот, не беше одлучен во првите 90 минути, откако мируваа мрежите на двете страни. Фулам беше четврт во Чемпионшип, додека Брентфорд го имаа освоено третото место.

Клучниот момент се случи во 105. минута, кога Џо Брајан се местеше за слободен удар од огромна далечина, и кога сите (вклучувајќи го и шпанскиот голман на Брентфорд, Давид Раја) очекуваа нафрлање, тој ја смести топката во мрежата. Соништата на Брентфорд за пресврт беа уништени во 117. минута, кога дефанзивецот Брајан го постигна својот втор гол по убава акција на Фулам. Брентфорд во 124. минута од мечот, успеаја да намалат на 2:1 преку Хенрик Далсгард намалија на 1:2, но веќе беше предоцна.

> Џо Бојд ги однесе Фулам во Премиер лигата со два гола во продолженијата <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај