Утрински Весник
Магазин

Шарлиз Терон: Стара сум за да живеам со маж

Шарлиз Терон: Стара сум за да живеам со маж
300x250 (7)

Холивудската актерка Шарлиз Терон (44) неодамна јавно во интервју за странски медиуми призна дека можеби никогаш повеќе нема да живее со ниеден маж во време кога нејзиниот поранешен партнер Шон Пен (59) тајно се венча со 32 години помлада девојка.

Пред десет години Шарлиз ја прекина последната сериозна врска што ја имаше со ирскиот актер Стјуарт Таунсенд и откри дека живеењето со маж повеќе не е привлечно за неа, па рече:

„Не знам дали некогаш ќе можам да живеам со некого повторно. Искрено, тој некој ќе мора да купи куќа до мојата. Не знам дали ќе бидам способна за такво нешто и јас сум премногу стара за тоа“, изјави таа.

„Не ми недостигаат мажи, никогаш не сум се чувствувала осамена и не сум нервозна поради состаноците. Едноставно, нема простор за такво нешто во мојот живот во моментот, ќе беше тешко и да не бев самохрана мајка“, рече актерката и додаде:

„Уживам да одам на состаноци. Јас го правам она што веројатно го прават повеќето луѓе. Отворена сум и се забавувам. Јас можам да се допишувам со некого од забава, но не знам дали ќе завршиме во кревет. Не знам што ќе се случи“, објасни таа.

Од 2013 до 2015 година таа беше во врска со оскаровецот Шон Пен, кој наводно се венча со Лајла Џорџ (32) на тајна церемонија деновиве.

Иако се зборуваше дека Шарлиз е свршена со Шон и дека е љубовта на нејзиниот живот, актерката ја негира свршувачката:

„Тоа не е вистина, не. Излегувавме и тоа беше тоа. Никогаш не живеевме заедно и јас никогаш не би се согласила да се омажам за него“, заклучи Шарлиз.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Со долгорочната прогноза за летото се најавува забрзано опаѓање на топлиот циклус и пристигнување на ладниот

Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата

Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од својата програма на Месечината