Утрински Весник
Магазин

Џорџ Клуни се срами од одлуката за случајот Бреона Тејлор

Џорџ Клуни се срами од одлуката за случајот Бреона Тејлор

Џорџ Клуни им се придружи на другите sвезди во осуда на одлуката да се обвини само еден од полицајците инволвирани во убиството на афроамериканката Бреона Тејлор. Против полицаецот е покренато обвинение за загрозување на општа безбедност, а не за убиство.

Медицинската сестра Тејлор (26) беше застрелана повеќе пати кога полицајци упаднаа во нејзиниот дом во Луисвил, Кентаки, во март.

Клуни, роден во сојузната држава Кентаки, изјави: „Засрамен сум од одлуката да го обвинат Брет Ханкисон не за смртта на г-ѓа Тејлор, туку за безобзирно загрозување“.

Актерите Виола Дејвис и Џефри Рајт исто така ја искажаа својата фрустрација од ваквата пресуда.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 01 Јули 2026 година

Дневен хороскоп за 30 Јуни 2026 година

Чадот од шумските пожари го зголемува ризикот од срцеви и мозочни удари и може да биде смртоносен