Џон Траволта (66) веќе 45 години е во Сциентолошката црква, но странските медиуми пишуваат дека актерот се оддалечува од сциентологијата. Сопругата на Џон, Кели Престон, која боледуваше од карцином, почина кон средината на јули. Тогаш Траволта му се заблагодари на медицинскиот тим.
„Моето семејство и јас засекогаш ќе им бидеме благодарни на лекарите и медицинските сестри во Центарот за карцином ‘МД Андерсон’, кои ѝ помагаа на Кели“, напиша Џон по смртта на сопругата, со која помина 30 години.
View this post on InstagramIt is with a very heavy heart that I inform you that my beautiful wife Kelly has lost her two-year battle with breast cancer. She fought a courageous fight with the love and support of so many. My family and I will forever be grateful to her doctors and nurses at MD Anderson Cancer Center, all the medical centers that have helped, as well as her many friends and loved ones who have been by her side. Kelly’s love and life will always be remembered. I will be taking some time to be there for my children who have lost their mother, so forgive me in advance if you don’t hear from us for a while. But please know that I will feel your outpouring of love in the weeks and months ahead as we heal. All my love, JT
Поранешни членови на сциентологијата и пријателите на Траволта го пофалија актерот бидејќи на тој начин навести дека се оддалечува од Сциентолошката црква. Л. Рон Хабард, основач на Сциентолошката црква, се противи на хемотерапијата и на зрачењето, а кон тоа се придржуваа многумина следбеници на сциентологијата.
„Изјавата за поддршка на медицинскиот персонал беше недвосмислена. Таа покажува дека Траволта се оддалечил од сциентологијата“, рече поранешниот член на црквата, Џефри Августин.
Хабард е противник на хемотерапијата, но луѓето сфаќаат, тврди Августин, дека тоа не е случај кога станува збор за сериозни болести.
„Му се восхитувам на Траволта што го стори тоа. Тој не дозволи сциентологијата да биде виновна за смртта на Кели“, додаде Џефри.